Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБелград потресен на Бадник – полицаец си пукал во глава

Белград потресен на Бадник – полицаец си пукал во глава

Четириесетичетири годишен полицаец вчера си пукал во глава во својот стан во Белград. Тој оставил две проштални писма. За среќа, полицаецот останал жив и моментално се наоѓа на интензивна нега во болницата во Србија.

Сосед на полицаецот го пронашол во локви крв.
– Вратата беше подотворена и слушнав тешко дишење и во 18 часот решив да влезам внатре со уште еден сосед, за да провериме дали е се во ред, но таму затекнавме ужасна глетка. Имаше голема рана на слепочницата, но беше жив, ракажува соседот кој во истиот момент повикал Итна помош. Според информациите на полицијата причината за обидот за самоубиство била поради несреќна љубов.