Wednesday, Dec 13, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионБелград и Приштина договорија продолжување на неутралните регистарски таблички на Косово

Белград и Приштина договорија продолжување на неутралните регистарски таблички на Косово

belgrad-pristina

Делегациите на Белград и Приштина се договорија за продолжување на статусот на неутрални регистарски таблички на уште пет години.

Претходниот договор за привремени неутрални таблички е постигнат во 2011 година, а престанува да важи од 1 ноември оваа година.

Делегацијата на Белград соопшти дека е задоволна од спогодбата, со која, како што е наведено е спречено укинување на српските таблички на Косово.

Оваа спогодба е договорена во текот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на експертско ниво, која почна во понеделникот.