Saturday, Jun 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионБелград и Приштина го продолжуваат дијалогот во Брисел

Белград и Приштина го продолжуваат дијалогот во Брисел

dijalog

Премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, во Брисел, го продолжуваат дијалогот. Темите за разговор се за енергетиката и телекомуникациите, како и за Заедницата на српски општини и за мостот во Косовска Митровица.

Некои приштински медиуми јавуваат дека ќе биде договорено отстранување на барикадите на овој мост. Европската унија од Вучиќ и од Мустафа ќе бара да потпишат конкретни договори, пишува Danas повикувајќи се на дипломатски кругови. Минатата недела, исто така се разговараше на наведените теми, но не беа постигнати конкретни договори.