HomeДЕНЕШНАСкопје„Бела ноќ“ во Скопје – култура и забава до раните утрински часови

„Бела ноќ“ во Скопје – култура и забава до раните утрински часови

Скопје ќе биде будно цела ноќ. Вечер ќе се одржи 11-тата „Бела ноќ“ која ќе понуди голем број настани од културата – изложби, концерти, читања и филмски маратон, со вклученост на сите институции од културата во главниот град.

Официјалното отворање на годинашната „Бела ноќ“ е во Музеј на Македонија во 20.30 часот, со изложбата „Црвен петел, црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“. Во исто време на плоштадот „Пела“ ќе се одржува модна ревија на модното студио „Црнокрак“.

Отворени за посетители во текот на ноќта ќе бидат и Музеј на Град Скопје, каде што ќе биде поставена изложбата „Ерос и Танатос“, Националната галерија на Македонија, објект Мала станица (изложба „Во кој свет живееме“), Културно-информативниот центар („Четири пози“), Куршумли ан („Зигот“), Галеријата на Младинскиот културен центар („Протест – Сексплозија“), холот и платото на МКЦ („Времено ’52“ – изложба на Антони Мазневски), специјална поставка ќе има во Галерија Грал, мултимедијален перформанс „East meets West“ во фоајето на кино „Фросина“…

Настани ќе има и пред платото на Спомен-куќата на Мајка Тереза, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во Домот на културата „Кочо Рацин“, Детскиот креативен центар, Дом на АРМ, како и на улица „Македонија“. Концерти ќе има кај Школка во Градски парк од 20 часот и од 21 часот на платото на Младинскиот културен центар.

Во кино „Милениум“ од 12 часот, како и во минатите изданија на „Бела ноќ“, ќе има 24-часовен бесплатен филмски маратон. Организаторите соопштија дека билети за проекциите може да се подигнат на билетарницата на кино „Милениум“ денеска од 10 часот.

Во Зоолошката градина, пак, ќе има попладневно матине и бесплатен влез од 17 до 19 часот, а во тој период бесплатен ќе биде и превозот со автобусите на ЈСП 8 и 15А кои поминуваат пред ЗОО. Од 19 часот превозот ќе бидат бесплатни сите автобуси на ЈСП „Скопје“ кои сообраќаат кон Центар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com