Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБектеши и Петкова потпишаа меморандум за соработка во секторот на природен гас

Бектеши и Петкова потпишаа меморандум за соработка во секторот на природен гас

Министрите за економија на Република Македонија, и Република Бугарија, Крешник Бектеши и Теменужка Петкова денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во енергетиката и развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас, преку развивање на нова директна врска меѓу системите на природен гас на Македонија и Бугарија, соопшти Министерството за економија.

„За реализација на предвиденото, планирано е создавање на меѓудржавна експертска работна група за гас, која во рок од шест месеци по стапувањето на сила на овој документ ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување. Овој елаборат треба да содржи анализи на техничките, пазарните, економските, финансиските и регулаторните аспекти на проектот и да понуди решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави, се вели во соопштението.

Бектеши и Петкова, по средбата на делегациите на владите на двете земји, имаа билатерална средба, на која разговарале за соработката во енергетскиот сектор и енергетските проекти кои се од взаемен интерес на двете земји.