Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБекам: “Би ми било големо задоволство да заиграм заедно со Тоти“

Бекам: “Би ми било големо задоволство да заиграм заедно со Тоти“

Познатиот англиски фудбалер, Дејвид Бекам изјави дека за време на неговата професионална кариера имал можност да игра во ист тим заедно со Франческо Тоти, како и тоа би му претставувала голема чест.

“Имав можност да одам во Рома на позајмица како играч, додека бев во во САД. Една од причините зошто таа понуда ми беше примамлива, е таа што ќе играв во ист клуб со Франческо Тоти. Тоа секако, ќе претставуваше посебно задоволство. Секогаш беше посебен, дури и кога бев на спротивната страна од теренот против Тоти “, изјави Бекам.