Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејта до Груевски: „Послушај го меѓународниот фактор, почитувај ја демократијата“

Бејта до Груевски: „Послушај го меѓународниот фактор, почитувај ја демократијата“

Груевски треба да го слуша меѓународниот фактор и да ја почитува демократијата, изјави потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, во емисијата „10 Минути“ на Тв21. Според него дури и да се одржат нови избори, нема албанска партија која би влегла во коалиција со една анти – албанска структура, како што е ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку се оди на нови избори, ВМРО-ДПМНЕ може да има уште послаби резултати. Поради фактот дека за тоа одлучува мнозинството на пратениците. Јас не верувам дека некоја албанска политичка партија би го сменила ставот после таквиот речник на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ.

За можноста министрите на ДУИ да ја напуштат Владата, Бејта додаде дека тоа не би имало позитивен ефект врз политичката криза.

„Една од можностите беше и оставка на министрите на ДУИ. Доколку се направи такво нешто, ние доаѓаме во спротивставеност со законските постапки за избор на министрите, поради тоа што министрите се избрани во Собранието со гласовите на пратениците. И во случај тие да дадат оставка , повторно нивната оставка треба да се гласа од органот кој ги избра“, изјави Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ.

Бејта зборуваше и за завршувањето на мандатот на градоначалниците, и за тоа како тие би функционирале во случај да не се одржат нови локални избори.