Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБејрут: Арапската птица Феникс повторно ќе се роди и ќе блесне во сиот свој сјај!

Бејрут: Арапската птица Феникс повторно ќе се роди и ќе блесне во сиот свој сјај!

Малата држава, сместена на работ на Блискиот исток, со излез на Средоземното медитеранско море, ја потресе невидена трагедија. Експлозијата на фабриката за пиротехнички материјали, стационирана во самиот главен град Бејрут, однесе многу човечки животи, со стотици и илјадници повредени, пеплосани домови. Всушност, сликите после екплозицијата наведуваат дека се случила вистинска апокалипса. Некои медиуми, известуваат дека после бомбите во Хирошима и Нагасаки фрлени врз Јапонија во далечната 1945 година, оваа екплозија во Бејрут е трета по моќноста и силината случена врз некој град, односно населено место. 

Либан (арапски: لُبْنَان Lubnān) или официјално Република Либан (اَلْجُمْهُورِيَّة اَللُّبْنَانِيَّة al-Jumhūrīyah al-Lubnānīyah) е независна држава во Блискиот Исток. Либан се граничи со Сирија на север и исток, со Израел на југ и на запад излегува на Средоземното Море. Местоположбата на Либан е крстопат на цивилизации и култури и поради тоа државата има богата историја и јак културен идентитет. Либан е мултиетничко општество, каде доминираат три големи религии и различни етнички групи. Вкупната површина на Либан изнесува 10.452 километри квадратни и има 6,859,000 жители според проценките од 2018 година. Службен јазик во државата е арапскиот, додека главен град е Бејрут.

Либан се стекнува со независност во 1943 година, а француските трупи се повлекуваат во 1946 година. Оттогаш, историјата на Либан се карактеризира со наизменични периоди на политичка стабилност и немири. Така, во 1958 година избива доста сериозна политичка криза во Либан, а во 1975 година започнува граѓанска војна, која трае до 1990 година и во која воено интервенираат и двата соседи на Либан, Сирија и Израел.

Сирија испрати свои војници во 1976 година. Тие го замемаат Бејрут и оттогаш па сè до 2005 година Сирија го контролира Бејрут и поголемиот дел од Либан. Во 2005 година се случува атентат врз поранешниот премиер Рафик Харири и под зголемен меѓународен притисок Сирија е принудена да се повлече од Либан.

Израел започна со своите воени интервенции во 1978 година со Операцијата Литани. Во 1982 година повторно изврши инвазија врз Либан, при што го освои јужен Либан кој го држеше под своја окупација до 2000 година, кога се повлече од земјата. Во јули 2006 година Израел повторно воено интервенира во Либан.

 Оваа турбулентна историја на малата држава, ни укажува со какви се национални трагедии се соочувале нејзините граѓани и населението кое живее во  Либан. Последната  е причинета од нечовечки фактор, како што се случувало  досега, но се поставува  прашањето кој ќе преземе одговорност за ваквата хаварија и трагедија?! Вакво нешто во скандинавска или западноевропска земја, тешко дека може да се случи. 

Либанскиот претседател Мишел Аун синоќа изјави дека е недозволиво 2.750 тони амонијак, за кој се претпоставува дека е причина за експлозијата во Бејрут, да се чува шест години без никакви безбедносни мерки.

Аун на Твитер побара одговорните за овој пропуст да бидат „строго казнети”.

Абас Ибрахим, шеф на државната безбедност на Либан, претходно изјави дека експлозијата е предизвикана од високо експлозивен материјал одземен од брод пред некое време и складиран во пристаништето.

Трагедијата во Либан се случи во, благо речено, непријатен момент за земјата. Се бори со невидена економска криза, чести прекини на електрична енергија и болници кои работат на границата на нивните способности за справување со новата пандемија на коронавирус.

Две експлозии го потресоа пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут, во вторникот вечерта. Најмалку 100 луѓе се загинати, а илјадници повредени. Изворот на експлозијата бил магацин со 2.750 тони амониум нитрат, чувани во доковите со години.

Експлозијата не можеше да дојде во полошо време за земјата, пишува Бизнис инсајдер.

Од октомври 2019 година, економијата на Либан е во криза поради неконтролираната корупција во горните ешалони на моќ и прекумерното задолжување на владата. Многу бизниси беа принудени да затворат, оставајќи ги жителите без работа.

Новата пандемија на коронавирус ја влоши ситуацијата. Либан е многу зависен од неговиот увоз, а забавувањето на глобалното производство ја зголеми цената на стоките. Така, голем дел од граѓаните не беа во можност да добијат основни добра, како што е лебот.

За време на месеците на блокадата во Либан, цената на храната исто така нагло скокна – цената на лебот се зголеми за 33% помеѓу октомври и крајот на јуни, пренесува Ројтерс. Цените продолжуваат да растат.

Претходно денес, Ројтерс објави дека инцидентот уништил 85% од националните резерви на жито во земјата, кои биле складирани во плевни на пристаништето. Сега останува жито во земјата, кое ќе пристигне за помалку од еден месец.

Прекините на работните места исто така беа немилосрдни. Во моментов, стапката на невработеност во земјата е 33%. Околу 45% од Либанците живеат под линијата на сиромаштија.

Валутата, либанската фунта, исто така, се амортизира – за 80% од октомври минатата година, а економијата се намали за 6,5% во 2019 година. Податоците се од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од април.

Дневните прекини на електрична енергија, понекогаш и до 22 часа, исто така се огромен проблем. Причината е недостаток на гориво за напојување на мрежата.

Либан има долг од 90 милијарди долари и банкротираше во март. Конечно, на 30 април, владата побара од ММФ 10 милијарди долари.

Како дел од поранешно француско владение (колонија), оваа земја е микс на култури, етничкии различности, религии и јазици. Тие кои го посетиле Бејрут, велат дека е фантастичен град, наречен „Париз“ на Блискиот исток. И овој пат, од пепелта ќе се издигне како Феникс и ќе го добие својот препознатлив сјај, како многу пати низ историјата.