Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејли ги следел изборите како акредитиран набљудувач

Бејли ги следел изборите како акредитиран набљудувач

Амбасадорот Џес Бејли беше акредитиран да ги следи изборите, во рамки на меѓународната набљудувачка мисија на изборниот процес, соопштија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје, по обвинувањата дека американскиот амбасадор посетувал избирачки места и се фотографирал со активисти и со членови на СДСМ.

„Како и во минатото, Амбасадата на САД и другите дипломатски мисии, вчера на терен имаа тимови што ги набљудуваа изборите. Амбасадорот Бејли беше еден од акредитираните набљудувачи. Тоа беше дел од нормалните напори за меѓународно набљудување на изборите“, соопштија од Амбасадата на САД.

Вториот круг од локалните избори во Македонија вчера го набљудуваа и набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР составен од 126 набљудувачи од 26 земји, како и амбасадорите на Холандија, Велика Британија и на Франција, Ваутер Пломп, Чарлс Гарет и Кристијан Тимоние.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска попладне ќе ги соопшти првичните оценки од вториот круг од локалните избори.