Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејли: Договорот од Пржино не е закочен

Бејли: Договорот од Пржино не е закочен

Пржинскиот договор не е закочен, напротив се прават напори процесот да напредува, одговори на новинарско прашање вчера во Охрид амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

„Не, јас не мислам дека е закочен Пржинскиот договор. Ние имавме разговори како да се придвижи нанапред на 20 јули. Политичките лидери се договорија следната недела да донесат одлука за датумот на избори, такашто мислам дека процесот не е застанат“, истакна Бејли.

Амбасадорот Бејли во Охрид учествува на Безбедносниот форум што се одржува во организација на Маршаловиот центар, на кој експерти од земјава и опкружувањето дебатираат околу одлуките на самитот на НАТО во Варшава и безбедносните предизвици на регионот.