Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБегство од ЕУ, приближување кон НАТО и САД?

Бегство од ЕУ, приближување кон НАТО и САД?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одлуката на Англија да излезе од Европската унија не ја менува нејзината позиција во НАТО.

„Нема да се смени позицијата на Велика Британија во НАТО. Велика Британија ќе продолжи да биде силен сојузник на НАТО и ќе продолжи да ја има водечката улога во нашата алијанса”, истакна Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг во својата изјава која ја даде по официјализирањето на резултатите од референдумот во Велика Британија и одлуката Англија да ја напушти ЕУ рече: „Англискиот народ донесе одлука да ја напушти ЕУ. Оваа одлука ќе се одрази во односите меѓу Англија и ЕУ. Позицијата на Велика Британија во НАТО не се менува. Велика Британија ќе продолжи да биде силен сојузник на НАТО и ќе продолжи да ја има водечката улога во нашата алијанса”, изјави Столтнберг.

Во услови на голема нестабилност и несигурност, платформата за соработка помеѓу европските сојузници на НАТО и помеѓу Европа и Северна Америка има поголемо значење. Тој истакна дека е потребна силна, единствена и одлучна НАТО алијанса која во овој турболентен свет ќе биде основна алка на стабилноста и меѓународната безбедност и ќе продолжи да го дава својот придонес во одржувањето на мирот.

Столтенберг соопшти дека НАТО ќе продолжи да да соработува со ЕУ и истакна дека на Самитот во Варшава оваа соработка ќе се зголеми.