Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБегалците од војна СЛОБОДНО – „терористите“ со празен стомак СТОП

Бегалците од војна СЛОБОДНО – „терористите“ со празен стомак СТОП

Македонија заедно со земјите од балканската рута низ која поминуваат мигрантите размислуваат да воведат построги критериуми за влез. Планирано е да се пропуштаат само бегалците од земји во кои има војна и големи судири. Тоа значи дека останатите мигранти кои на пример не се од Сирија, Ирак и Авганистан каде се војува, но екстремно се сиромашни и имаат големи проблеми со опстанокот нема да „заслужат“ бегалски статус.

migranti gevgelija2

Оваа идеја доаѓа во време кога ескалацијата на терористичките напади инспирирани од походот на ИСИС е најголема и се јавуваат сомнежи дека меѓу мигрантите има многу притаени терористи. За нападите во Париз се сомничат и дел на странци кои поминале низ балканската рута. Тоа и не е доволно бидејќи нападите повеќе се должат на домашно поттикнат тероризам. Исто така проблем за земјите од Балканот е и финансискиот трошок за привремено згрижување, регистрирање и транспорт низ државата.

Идејата ќе биде разгледано и на средбата со претставници на Европската комисија по што ќе се донесе одлука.