Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаБегалски камп во старите магацини на „Винојуг“?

Бегалски камп во старите магацини на „Винојуг“?

Старите магацини на „Винојуг“ кои се сместени на самата македонско-грчка граница за скоро време ќе бидат оспособени за времен камп за бегалците кои постојано минуваат од Грција во земјава, а од тука кон земјите во Европската унија, дознава Плусинфо.
unnamed(103)
Екипи на Општина Гевгелија веќе се на терен и во следните денови ќе се испитува кој е актуелниот сопственик на магацините. Ако се изнајде решение со сопственикот, бидејќи магацините се на само 100 метри од граничната линија и се тврда градба, веднаш ќе бидат оспособени за времен камп. Иако бројот на бегалците од ден на ден се намалува, според последните информации, на есен се очекува голема бројка на бегалци од соседна Грција, па овој камп ќе може навреме да ги прифати и да им се даде прва помош.