Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБЕГ ги оштетила скопјани за 14 милиони евра, тврдат енергетичари

БЕГ ги оштетила скопјани за 14 милиони евра, тврдат енергетичари

Стручни лица од енергетиката тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9 милиони евра од компанијата БЕГ, која преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија и со „амин“ на Регулаторна собрала вишок од 13,9 милиони евра, пренесува „Макфакс

Во анализата што ја објави „Фактор“ се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.

„Нелегалната“ добивка одобрена од Регулаторна овозможила бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.

POST TAGS: