Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБебето од Дојран нема Зика

Бебето од Дојран нема Зика

Нема зика инфекција во Македонија. Резултатите од испитувањата на крвта на единствениот сомнителен случај- тримесечното бебе од Дојран, кои се работеа во лабораторијата во Хамбург и на кои се чекаше десетина дена, се негативни. Со тоа се потврди дека детето не било заразено со зика вирусот, со што се отфрли и сомневањето дека аномалијата на главата и черепот на бебето, односно микроцефалијата не е последица на зика зараза.

Од Институт за јавно здравје ни ја потврдија информацијата за негативниот наод на бебето на зика вирус, како и тоа дека кај детето од Дојран не е пронајден ниту друга инфекција која ја предизвикуваат арбовируси, односно оние вируси кои се пренесуваат преку крлежи и комарци.

Претходно на бебето му беа направени испитувања и за други рутински вируси кои може да ја предизвикаат состојбата на главата, како денга вирус, токсоплазмоза, кои исто така, беа негативни.