Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаBeatrix Crew сакаат да одат на Светско со ваша помош

Beatrix Crew сакаат да одат на Светско со ваша помош

На девојките и дечките од Beatrix Crew им е потребна вашата помош да бидат дел од ESDU Светското првенство во модерни танци кое од 22-28 мај се одржува во Пореч, Хрватска.

Тимот на Beatrix Crew деновиве ја започнa својата триесетдневна мисија од која тие би биле пресреќни кога би се вклучиле и вие.

Со цел да го остварат својот сон и да бидат дел од ESDU Светското првенство во модерни танци 2017, кое од 22-28 мај се одржува во Пореч, Хрватска, тие го лансираа нивниот “Generosity” проект.

Пред 2 години тимот на Beatrix Crew беше вицешампион, а оваа, со ваша помош, тие се надеваат дека ќе го остварат својот сон, ќе отпатуваат за Пореч и таму ќе заседнат на светскиот трон!

Сите детали како и можноста да бидете дел од “GENEROSITY” проектот на Beatrix Crew ги имате на следниов линк – https://www.generosity.com/sports-fundraising/if-only-you-could-see-us-move.