Беа спремни на се, а сега бараат амнестија од Иванов за нападите
Горан Ангелов предводник на организацијата „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ од Велес и екс-припадник на специјалната единица „Лавови“ побара од претседателот Иванов да донесе амнестија за сите лица кои учествуваа во упадот во Собранието и крвнички претепаа пратеници и новинари.
Според него граѓаните сакале да ги казнат „предавниците“ и токму затоа не треба да бидат кривично гонети на ниту еден начин.
„Граѓанска иницијатива до претседателот на РМ Ѓорге Иванов! Претседателе, ние народот на Р.Македонија, бараме да ги амнестирате и ослободите од сите судски прогони сите патриотски и родољубиви граѓани кои влегоа во Собранието да го спречат државниот удар и растурањето на сопствената татковина Македонија.
Вашиот народ“ – напиша Горан Ангелов на својот Фејсбук профил.
Претходно истиот објави дека знаат што подготвуваат СДСМ и нивните партнери и дека биле спремни, па ќе виделе како ќе си поминат.