Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаBBC: Вистински борци против криминалот „Чарлиевите ангели“

BBC: Вистински борци против криминалот „Чарлиевите ангели“

„Три жени станаа зло за македонската политичка елита и хероини на уличните протести коишто сега ја потресуваат малата балканска држава – некои ги нарекуваат и македонските Чарлиеви ангели“ – токму вака започнува репортажата на BBC за Специјалното јавно обвинителство.

Во шест часот попладне, секој ден, гласна гужва се слуша пред неопределената канцеларија, вендаш до еден бургер бар во центарот на Скопје. Нив ги има од сите возрасти, започнувајќи од студенти па сè до пензионери. Некои имаат обоени лица, некои свират со свирчиња и труби. Овие демонстранти доаѓаат речиси секоја вечер, со недели наназад, да го поддржат државното специјално јавно обвинителство и неговиот тим.

Таа е можеби и една од најпознатите жени во државата, но сè до минатиот септември, малку кој имаше слушнато за името Катица Јанева. Како главен обвинител во малиот пограничен град Гевгелија, нејзината работа главно се базирала на мали кражби и криумчарења. Но, таа сега е центарот на довербата во оваа турбулентна земја. Нејзината нова работа е да гони злоупотреба и корупција која потекнува од огромниот скандал со прислушување.
katica janeva
Минатата година, главната опозициска партија во свои раце доби незаконски прислушувани разговори. Тие обвинија дека владата имала заострена контрола и прислушувала повеќе од 20.000 лица. Во извештајот на Европската комисија, заклучено беше дека прислушувањето било спроведено од страна на безбедносните служби, постапувајќи по наредба од премиерот во тоа време, Никола Груевски.

А кога снимените разговори беа објавени јавно, во месец мај минатата година, се чинеше како да содржат и директна вклученост на високи политичари и официјални лица во изборната измама, злоупотреба на моќ, кривична штета, полициска бруталност па дури и обиди за да се прикрие убиство. Десетици илјади бесни граѓани излегоа на улиците”.