Saturday, Mar 30, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаBBC најави отпуштање на 1000 вработени

BBC најави отпуштање на 1000 вработени

„Би-Би-Си“ денеска најави дека ќе отпушти околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти. Буџетот на британскиот сервис е скратен поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија.

Падот на претплатата е последица од тоа што сè поголем број домаќинства гледаат телевизиски програми преку интернет, јавува британскиот јавен сервис. Поголемиот дел од отпуштањата ќе бидат од менаџментот и од логистичките одделенија. Со оваа мерка се очекува британскиот јавен сервис да заштеди речиси 50 милиони фунти. „Би-Би-Си“ има повеќе од 16.672 вработени.