HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„BBC“: Мурињо нов тренер на Јунајтед

„BBC“: Мурињо нов тренер на Јунајтед

Португалецот Жосе Мурињо е нов тренер на Јунајтед, бидејќи клубот одлучил да му се заблагодари на услугите на Холанѓанецот Луи Ван Гал, пренесува „BBC“. Како што пренесува „BBC“, управата на Манчестер јунајтед е незадоволна и сака да го промени тренерот, бидејќи холаѓанецот не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Екипата сезоната во Премиер лигата ја заврши на петата позиција и се избори за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Во ова соопштение стои дека Ван Гал во понеделникот после освојувањето на ФА купот бил известен околу отказот, а се очекува во наредните неколку дена Мурињо и официјално да биде претставен. На Ван Гал му остана уште една година од првичниот тригодишен договор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com