Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц: Време е да се реши спорот за името

Нимиц: Време е да се реши спорот за името

Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник Катимерини изјави дека е време да се реши спорот за името меѓу Македонија и Грција, со тоа што и двете страни ќе излезат задоволни. Проблемот е решлив и треба да се внимава на националните цели на двете земји без да се повреди достоинството. Бидејќи во изминатиот проблем Македонија и Грција имаа голем број на внатрешни предизвици разговорите беа ставени во мирување без нови предлози и без никакви приближувања на позициите.

nimic

Со надминување на спорот ќе се отвори и евроатлантскиот пат на Македонија, а Грција ќе овозможи поголема соработка. Решението треба да го содржи зборот Македонија и да се почитува идентитетот, како и културното наследство на народот, а секако со тоа ќе се разграничат и било какви територијални претензии. Решавањето на спорот е суштинско, но со оглед на политичката ситуација до двете земји тешко дека ќе има волја и простор за посериозни одлуки кои би немале консензус.