Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБастијан Швајнштајгер ги напушти “Црвените Ѓаволи“

Бастијан Швајнштајгер ги напушти “Црвените Ѓаволи“

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го пушти Бастијан Швајнштајгер да се приклучи на Чикаго, тим кој игра во американската МЛС лига. Германскиот репрезентативец потпиша едногодишен договор со Чикаго, во кој според британските медиуми ќе заработува околу 70.000 фунти неделно.

“Јас сум секогаш во потрага да пронајдам нешто големо и позитивно и да помогнам да се оствари нешто големо. Потегот во Чикаго не се разликува од таквите амбиции. Во разговор со генералниот директор Нелсон Родригез и тренерот Вељко Пауновиќ ме убедија во визијата и филозофијата на клубот, и мојата желба е да им помогнам да го остварат тоа“. изјави Швајни за британските медиуми.