Wednesday, Jul 26, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопје„Баскерфест“ по единаесетти пат на улиците на Скопје

„Баскерфест“ по единаесетти пат на улиците на Скопје

баскер

Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“ по единаесетти пат традиционално ќе се одржи во Скопје. Фестивалот ќе започне од 10-ти јуни и ќе трае 10 дена. На фестивалот се очекува учество од над 100 учесници од повеќе земји, како и многу музички точки и забава за најмладите.

Фестивалот ќе се одржи на добро познатата локација, плоштад „Македонија“, а со свои точки ќе настапат атрактивни баскер-актери од повеќе земји. По завршувањето на фестивалот, забавата ќе продолжи во другите градови низ државата.

Забавата ќе биде бесплатна за сите посетители.