Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Баскерфест 2016“ во Крива Паланка

„Баскерфест 2016“ во Крива Паланка

Дваесетина уметници и улични артисти, жонглери, магионичари, илузионисти, пантомимичари и танчери синоќа настапија на уличниот театар „Баскерфест 2016“ во Крива Паланка. Централниот градски плоштад беше голема сцена на уметности и уметници од разни држави кои ги проследија неколку стотици Кривопаланчани.

Фестивалот под отворено небо се одржуваа по единаесетти пат во државата, а Крива Паланка е дел од десетдневната турнеја на овој мултикултурен перформанс низ повеќе гардови на Македонија.

„Баскерфест 2016“ е продолжение на летната културна програма во Крива Паланка која започна со книжевен настан во организација на Националаната установа Центра за култура, а ќе продолжи со „Кривопаланечко културно лето“ кое вклучува бројни изложби, промоции на книги и концерти, меѓу кои „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.