HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона пронајде ефтино засилување за десната бековска позиција!

Барселона пронајде ефтино засилување за десната бековска позиција!

dzonson-600-20140729090746

Искусниот Англичанец е на мета на Каталонците! Глен Џонсон е пореална опција од сите преостанати мети на Барселона. Поранешниот англиски репрезентативец во јануари би можел од Стоук да направи трансфер и да се пресели на „Камп Ноу“. Луис Енрике и понатаму е во потрага за вистинска замена за Видал, на листата е и Лихштајнер за кој сепак Јуве ќе бара пари, иако договорот му истекува во јуни, а мали се шансите да пристигне Дарио Срна од Шјахтор.

Желба на Луис Енрике за пополнивање на „дупката“ на оваа позиција е и Жоао Кансело, но Валенсија не сака да се откаже од него до следното лето. Глен Џонсон не би ги чинел многу, тој ќе може да настапува и во натпреварите од Лигата на шампионите, има големо искуство, би ја чекал својата шанса од клупа, а според карактеристиките кои ги поседува поранешниот ас на Ливерпул дефинитивно се вклопува во она што го бара Луис Енрике.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com