HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона на зима купува и Стопер, ова е првата мета!

Барселона на зима купува и Стопер, ова е првата мета!

Луис Енрике изгледа конечно ја научи лекцијата, Жереми Матје не и е дораснат на големата Барселона. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона во зимскиот трансфер период планира две нови засилување во дефанзивната линија. Алеш Видал е отпишан и тој сигурно ќе си замине во јануари, а на негово место би можел да пристигне Лихштајнер од Јувентус.

Жереми Матје е вториот играч кој ги потроши сите кредити кај Луис Енрике и Барса на зима ќе се обиде да го доведе Марисио Лемос од Лас Палмас. Талентираниот 20-годишен Уругваец и летото беше на мета на Барселона, но Лас Палмас бараше дури 30 милиони евра за негов трансфер. Барселона ќе се обиде да го доведе и оваа зима, бидејќи Енрике сака да создаде силна конкуренциај во последната дефанзивна линија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com