Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона на пеколно гостување во Торино, Дортмунд го дочекува Монако за влез во полуфиналето

Барселона на пеколно гостување во Торино, Дортмунд го дочекува Монако за влез во полуфиналето

Вечерва со средбите во Торино и Дортмунд започнува четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Јувентус во Торино ја дочекува екипата на Барселона, ќе проба да се одмазди за 2015 година и изгубеното финале каде “каталонците“ победија со 3-1 и дојде до титулата европски првак.

“Мораме да одиграме добро и во двата натпревара како би се пласирале во полуфиналето. За ова ќе ни треба и доза на среќа. Барса го загуби последниот натпревар од шампионатот, но во вакви натпревари тие се најдобриот тим. Ние мора да ги искористиме и најмалите прилики кои ќе ни се укажат. Не смееме да одиграме 0-0 и да одиме на Ноу Камп со тој резултат и да се надеваме дека таму ќе нема голови и да одиме понатаму на пенали”, изјави тренерот Масимилиано Алегри.

Јувентус нема проблеми со тимот денес единствено повреден играч е Пјаца. Додека на другата страна Луис Енрике има голем проблем да го надополни местото на суспендираниот Бускетс, кој е незаменлив во тимот на Барселона.

„И двата тима имаа сменето по неколку играчи во однос на последното финале. Играме голем меч, не постои поголема мотивација од пресметка со гигант како Јувентус во ЛШ и очекувам моите играчи да одговорат на предизвикот. Секако дека нема да ни биде лесно без Бускетс, но мораме да најдеме начин неговото отсуство да не се одрази врз нашата игра“ – изјави Луис Енрике.

Во Дортмунд сигурно ќе не очекува возбудлив натпревар и двете екипи досега покажаа дека единствена и главна сила и е нападот, па така очекуваме доста добар и офанзивен натпревар. Дортмунд и Монако досега се немат сретнато во историјата, па така ова ќе им бидат првите два натпревари и тоа супер важни,

Дортмунд беше убедливо поразен од Баерн викендот што не е добра вест пред овој натпревар, но Тухел изјави дека неговите играчи се спремни ментално и физички и дека грешките од тој натпревар треба да ги искористат во овој. Домаќинот има доста повредени играчи во својот тим Дурм, Шурле, Кастро и Ројс се надвор од комбинација. Тренерот на гостите не е во ништо полесна ситуација главниот дефанзивец во средината Бакајоко е суспендиран па се очекува Мутињо на негово место додека пред овој натпревар десниот бек Сидибе се пожали на повреда и неговиот настап е под знак прашање. Додека во тимот се врати Фалкао по повредата.