HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарса одбила 50 милиони евра за Туран

Барса одбила 50 милиони евра за Туран

Фудбалерот на Барселона Арда Туран изјави дека шпанскиот клуб одбил 50 милиони евра за неговите услуги, колку што нудел еден кинески клуб. Туран минатото лето направи трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона, а поради забрана за трансфери стекна право за настап во каталонскиот клуб дури во јануари.

Медиумите тогаш шпекулираа дека Турчинот ќе го напушти „Камп Ноу“, бидејќи за него беа заинтересирани неколку клубови, меѓу кои и Пекинг Гоан. „Минатата сезона еден кинески клуб понуди 50 милиони евра за мене, но Барселона ја одби таа понуда. Барселона не ме доведе само за шест месеци. Јас сум во Барселона како дел од долгорочен проект“, изјави Арда Туран.

Туран игра во добра форма од почетокот на новата сезона и запиша 5 погодоци на 10 натпревари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com