Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБарокот ќе никне и во Струмица – Опозицијата и невладините против

Барокот ќе никне и во Струмица – Опозицијата и невладините против

Според најавите објектот на министерството за финансии познато како старата полициската зграда во Струмица треба да добие нова барокна фасада што ги налути опозиционерите, но и граѓанските здруженија. Тие излегоа на протест пред објектот кој за девет месеци треба да добие нов лик, сличен на архитектонските решенија од проектот Скопје 2014, за што тие сметаат дека нема никакво оправдување во Струмица, ниту пак решението било донесено со дебата и мислење од останатите фактори.

На протестот се обрати Јасмина Поркојевиќ – Миленковиќ, член на Еколошко друштво „Планетум“ со остри и по малку политички напади против Груевски.

Најавено е и собирање на потписи против донесеното барокно решение кое е спротивно на урбаниот изглед на центарот на Струмица каде воопшто нема да се вклопи. Во објектот ќе бидат сместени поголем број на институции на локално ниво.