Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБарајте производи од бела техника со енергетска ефикасност

Барајте производи од бела техника со енергетска ефикасност

Интересот за производи од бела техника и понатаму е прилично стабилен и во нагорен тренд. Потрошувачите при изборот на производот главно се водат од цената, иако се повеќе интерес има и за енергетски ефикасните производи.

Alek Medarski 2– Граѓаните се интересираат и бараат производи што се енергетски поефикасни, што е и на запад многу актуелно. Ние имаме на лагер, набавуваме и може и да ги едуцираме граѓаните и дополнително колку што има потреба. На секој производ има специјално истакната ознака за енергетска ефикасност и колкава е потрошувачката на енергија и колкава е заштедата, изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во „Техномаркет“.

Додава дека секако оние брендови што се од повисока класа имаат пониска потрошувачка, односно поголема енергетска ефикасност, што се бара сега на пазарот.

Потенцира дека при купувањето се уште пресудна е цената, иако голем замав зема и енергетската ефикасност, бидејќи на подолг временски период е поисплатливо. – Дури и на старт да се плати малку повисока цена со текот на времето се враќа во заштеда на енергија и вода, рече Медарски и додаде дека со малку поголемо објаснување граѓаните ќе станат свесни дека е подобро да купат машина која има повисока енергетска ефикасност бидејќи со натамошно користење тоа ќе им се врати.

Енергетски ефикасните производи ќе ги препознаете и по специјалните назнаки за потрошувачката на струја, за што најдобро е да се информирате кај продажните агенти пред да ја извршите трансакцијата.