HomeДЕНЕШНАПолитикаБараа и си го добија, Јанева жестоко им одговори на владејачките пратеници

Бараа и си го добија, Јанева жестоко им одговори на владејачките пратеници

Катица Јанева на денешната расправа за нејзината работа како специјална јавна обвинителка жестоко и провокативно одговори на сите прашања на пратениците од владејачкото мнозинство и најмногу ги „пецкаше“ за тоа што го има во „бомбите“ и дека за дел од нив води истраги.

Првата провокација ја упати Антонио Милошоски кој се сомнева во нејзиниот личен капацитет и ја испрашуваше за нејзиното искуство како да е на разговор за вработување, а не за тоа што го прави СЈО во моментот.

katica-janeva-sobranie-1

„Благодарам за прашањата, поконцентрирано го слушав господинот Милошоски, бидејќи го слушам и во незаконски прибавените разговори и го знам многу убаво неговиот личен капацитет, а за мојот личен капацитет, шеф ми беше обвинителот Марко, па нека каже тој. Ви благодарам“, одговори таа.

Пратеникот, Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Јанева кога СЈО ќе открие кој, како и зошто прислушувал и од каде му се материјалите на Заев. Јанева апелираше судот што побрзо да судот да го закаже рочиштето за „Пуч“ за да се открие кој и зошто прислушувал во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година, но за тоа треба и главниот сведок Никола Груевски да и се појави на судење, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Одговорот кој и на кој начин прислушувал сите знаат дека е во случајот „Пуч“. Ако ме слуша Основниот суд Скопје 1, кој го одложи судењето за случајот „Пуч“ дури за месец ипол, зашто поротник се разболел, нека го презакаже за 1-ви октомври. Спремна сум да дадам воведно излагање, рече Јанева.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com