Monday, Dec 18, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБанките имаат екстра профит за 2015-та од камати и провизии

Банките имаат екстра профит за 2015-та од камати и провизии

bankarska ulica

Македонските банки во 2015-та вкупно профитирале 75 милиони евра, што според податоците на НБРМ е зголемување за 50% на годишно ниво. Најголем дел од приходите на банките се должи на исплатата на камати, како и на провизии за банкарски услуги и надоместоци. pariКаматите во 2015-та учествуваат со 233.4 милиони евра во приходите, додека пак провизиите достигнуваат 68.8 милиони евра. Најголем дел од колачот оди кај големите банкарски брендови, додека пак малите банки се консолидирале и значително ја намалиле загубата за една година.
banki mkОвие показатели откриваат дека кредитирање на банките и понатаму се зголемува и останува главен аспект на работењето, но добар дел од овие кредити не се инвестициски и развојни, туку потрошувачки што пак се одразува на долгот на граѓаните.