HomeДЕНЕШНАСветБан Ки Мун убеден дека Трамп ќе ги промени ставовите по победата

Бан Ки Мун убеден дека Трамп ќе ги промени ставовите по победата

ban-ki-mun_5

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа телефонски разговараше со избраниот претседател на САД Доналд Трамп и му ја честитао победата, пренесе ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Светската организација. Генералниот секретар на ОН изрази уверување дека Светската организација и САД ќе ги задржат своите традиционално здрави врски и ќе соработуваат за постигнување мир, безбедност и одржлив развој и почитување на човековите права во целиот свет.

Претходно Бан Ки-мун изрази уверување дека како претседател на САД, Доналд Трамп ќе се однесува и ќе дејствува многу поразлично отколку за време на изборната кампања. „Доналд Трамп претходно даде многу вознемирувачки изјави, но сигурен сум дека ќе ја разбере важноста, сериозноста и итноста на мировниот договор за климата“, истакна претходно Бан Ки-мун.

За време на кампањата за претседателските избори во САД, Трамп се декларираше за зближување со Русија, се закани дека ќе го намали учеството на земјата во ОН и вети дека ќе ја повлече државата од меѓународниот договор за борба со глобалното затоплување.

– Веќе сум ја слушнал овој тип предизборна реторика во многу држави, не само во САД. Значи, не сум особено загрижен од она што се зборува за време на кампањи, коментираше Бан.

Тој изрази уверување дека САД ќе продолжат да играат водечка улога во светот и со Доналд Трамп како претседател.

– Надворешната политика на САД не се разликувала којзнае колку кај различните претседатели по Втората светска војна, истакна генералниот секретар на ОН

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com