HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБалотели после две години се враќа во репрезентацијата

Балотели после две години се враќа во репрезентацијата

Контроверзниот италијански голгетер Марио Балотели после две години ќе се врати во репрезентацијата за натпреварите против Шпанија и Македонија во квалификациите за Светско првенство. Балотели не беше во тимот уште од Мундијалот во Бразил. Селекторот Азура Џанпјеро Вентура испрати повик на адреса во Ница, каде Балотели се обидуваа да ја „оживее“ својата кариера после лошата епизода во Ливерпул.

Некогашниот напаѓач на Интер, Сити и Милан одлично започна во Ница, веќе постигна четири погодоци и што е многу важно не направи никаков инцидент до сега. Тој во дресот на Италија до сега има одриграно 33 натпревари и постигнато 13 погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com