Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТБалканот конечно сложен за поевтин роаминг

Балканот конечно сложен за поевтин роаминг

Од утре балканците ќе зборуваат евтино во роаминг и по заложбите на агенциите за телекомуникации и регулаторните тела конечно може да кажат дека потпишаната спогодба за намалување на цените ќе стапи на сила и операторите ќе мора да ги променат тарифите.

Businessman on Train Platform Text Messaging

Од договорот Србија, Босна и Херцеговина се сигурни, додека пак во Црна Гора ќе треба да се одлучува по преставката која ја поднесоа операторите за оспорување на спогодбата. Инаку уште во мај беше потпишана Спогодба помеѓу четирите држави, според која македонците од 30-ти јуни при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за минута разговор во роаминг ќе плаќаат 17,9 денари.
Поевтинувањето на разговорите е за 73 отсто, додека цената на мобилниот интернет во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5,6 денари за порака. Во наредниот период оставена е можност и за приклучување на останатите земји од регионот, а предвидено е и постојано годишно намалување на цените на роамингот.
Извор: telefoni.mk