HomeДЕНЕШНАСветБагдади не може да избега од Мосул, ќе падне главата на ИСИС

Багдади не може да избега од Мосул, ќе падне главата на ИСИС

bagdadi-irak

Истакнати курдски воени генерали изјавија дека лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади е опколен во Мосул, и дека неговото убиство би ѝ задало „смртоносен удар“ на терористичката организација, јавува.

Фуад Хусеин, шеф на кабинетот на Масуд Барзани, лидерот на ирачките Курди, изјави дека Багдади, и покрај криењето во последните осум месеци, и понатаму е во Мосул бидејќи не може да избега од таму.

„Багдади е таму. Ако го убиеме, тоа ќе значи колапс на целиот систем на ИСИС“, вели Хусеин, додавајќи дека исламистите немаат соодветна замена за „калифот“.

Според Хусеин, лидерот на озлогласениот калифат целосно е препуштен на неколку свои команданти во Мосул и блискиот град Тал Афар, кои се единствената пречка меѓу него и ирачко-курдските сили. Сепак, Хусеин е свесен дека џихадистите нема лесно да се откажат од својот лидер, и дека постои можност да употребат очајнички мерки за да го заштитат.

„Очигледно е дека ќе изгубат, но не и колку ќе биде потребно за тоа да се случи“, кажа Хусеин.

Постои можноста џихадистите да ги кренат во воздух петте мостови преку реката Тигар за да им го пресечат пристапот на ирачките трупи до западниот дел на градот. Засега, ирачките специјални сили успеаја да влезат во источниот дел на Мосул за првпат по 2014, кога градот падна во рацете на џихадистите.

„Ова е добар знак за луѓето во Мосул, како и индикатор дека битката за ослободување на нашиот град почна добро“, изјави генералот Талиб Шагати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com