Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика"Баба Мразица" со забрани на патиштата во Македонија, не патувајте без потреба

"Баба Мразица" со забрани на патиштата во Македонија, не патувајте без потреба

Македонија бела “Баба Мразица”, најавениот прв вистински снег навистина пристигна и во нашата Република. Освен што предизвика среќа, истиот навестува и да се внимава при патување на планинските превои Стража и Маврово. Тие превентивно се забранети за тешките товарни возила, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка има целосна забрана за тешки товарни возила и автобуси.

Автомото сојузот на Македонија укажува на задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни и снежни коловози, кој останува на патот по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

За потенцирање е граничниот премин Деве Баир каде има чекање за излез од околу 30 минути, додека останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува исклучиво само за премините на Македонската страна.

Од УХМР известуваат до утре наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. Во западните делови на Македонија се очекува повеќе од 50 cm нов снег, додека на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 cm.