Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАвтошколите протестираа против обврската да ги снимаат обуките

Автошколите протестираа против обврската да ги снимаат обуките

Автошколите денеска ја блокираа Илинденска. Тие се револтирани од законската одлука која стартуваше пред два дена, да се снимаат обуките на кандидатите за возачи, а снимениот материјал да се чува еден месец. Според нив, снимањето на часовите за обука задира во приватноста. Исто така реагираа и дека камерите и местото за архивирање се скапа опрема.

Од Националното здружение на автошколи велат дека ќе продолжат да го блокираат булеварот „Илинден“ пред Владата, секој ден во 12 часот, се додека не бидат исполнети нивните барања.