Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеАвтошколите по шести пат ја блокираа Илинденска

Автошколите по шести пат ја блокираа Илинденска

Шести пат штрајкуваа автошколите пред Владата. Тие бараат да разговараат со премиерот или некој од надлежните кои ќе им вети укинување на спорните членови од Законот за безбедност во сообраќајот, кој меѓу другото предвидува снимање на обуката во возилото.

Тие се револтирани и од високите казни до 8000 евра кои се предвидени во случаи кога нема да ги почитуваат новите одредби. Нивниот главен аргумент е дека тоа ќе чини премногу и не можат да си го дозволат, но велат и дека снимањето е противзаконско.

Со оглед на жтрвите во сообраќајот, сепак треба да се има контрола над оние кои ги оспособуваат младите возачи.