Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАвтошколите ќе мора да се помират со поставувањето камери

Автошколите ќе мора да се помират со поставувањето камери

Автошколите сепак ќе мора да постават камери во возилата. На вчерашната седница владата го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски законот да се одложи една година.

Од Владата велат дека причината за тоа е што со контролата врз обуката на идните возачи преку камери ќе се постигне поголема безбедност во сообраќајот и спречување на манипулации со полагањата и повикуваат случајот да не се политизира.

Авто школите подолго време протестирааат пред владината зграда, а денеска изјавија дека допрва ќе одлучуваат за следните чекори.

avtoskoli protestnovКоментар од авторот

Неколку мерки беа преземени за поголема безбедност во сообраќајот, меѓу која и зголемување на казните за несовесните возачи, но ниту една немаше ефект. Сосема спротивно, иако една казна за сообраќаен прекршок изнесува колку две месечни плати, се помалку се внимава во сообраќајот што резултира со константно зголемување на бројот на жртви. Значи, проблемот е подлабок отколку што изгледа и треба да се бара решение. Логично е да се бара одговорност од оние кои ги оспособуваат идните возачи и од оние кои испитуваат дали кандидатот е подготвен да биде пуштен во сообраќајот. Тие имаат индиректна одговорност за однесувањето на возачите. Зошто протестираат автошколите? Според нив опремата била прескапа. Денеска можат да се најдат солидни камери по солидни цена, а има и големи хард дискови (кои исто така не се прескапи, особено не за правно, профитабилно лице) кои дозволуваат чување на обемен материјал. Тоа е еднократна инвестиција која не чини повеќе од човековиот живот. Другиот аргумент на автошколите беше дека поставувањето камери им ја нарушувало приватноста. За каква приватност зборувате. Кој од нас, на работното место не е под видео надзор? Сите продавници, маркети, компании, шопинг центри… буквално се е под видео надзор. Според тоа тврдење треба сите масовно да штрајкуваат зошто објектот во кој се вработени (движен или недвижен) е под видео надзор.

Време е да се бара одговорно работење од авто школите и да се има увид во нивната професионалност. Секако, одговорност и од оние кои дозволуваат неподготвен возач да добие дозвола за управување моторно возило. За тоа колку е важно да се влезе во сржта на проблемот, говори фактот дека секоја година се зголемува бројот на загинати учесници во сообраќајот.

Кристина Атовска