Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАвторот на „Прометеј“ ги нарече демонстрантите вандали

Авторот на „Прометеј“ ги нарече демонстрантите вандали

Скулптурот Томе Аџиевски во интервју за Дневник ги нарече демонстрантите на Шарената револуција вандали кои и е длабоко револтиран, па затоа власта мора сериозно да ја сфати состојбата и да почне да ги штити објектите.

„Тоа што се случуваше со обидот да се урне скулптурата „Прометеј“ од страна на протестантите на шарената револуција е невиден и политички мотивиран вандализам што мора да се запре. Во основата на овој брутален чин е манипулацијата што неколкумина нивни „идеолози“ уште од самото поставување на споменикот на „Паднатите херои“ ја наметнуваат тезата дека тој е направен во стилот на фашистичката архитектура. Тоа не само што е лага и измислица за политички потреби туку е и сквернавење на херојскиот митолошки лик на Прометеј, чија жртва е рамна на онаа што ја направил Исус Христос“ вели Аџиевски за Дневник.

prometej-sarena revolucja

Инаку Аџиевски вели дека не му пречело покривањето на гениталиите на споменикот Прометеј кој веднаш штом беше посветен од здружението на жени беше побарано да биде покриен. Тој смета дека иницијативата дошла од активистки на опозицијата иако во тој период медиумите пренесоа дека станува збор за членки на Унијата не жени на ВМРО-ДПМНЕ.