Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАвтопилотот на Tesla однесе прва жртва во сообраќајот

Автопилотот на Tesla однесе прва жртва во сообраќајот

Teslа Motors објави дека во сообраќајната несреќа од мај 2016, во која загина возач, докажано e дека го користел автопилотот за асистирање при возењето, но тој не му дал навремено предупредување. Автомобилот Model S удрил во камион со приколка, кој вртел кон лево на автопат во Флорида. Ниту автопилотот, ниту возачот не го забележале камионот, а автомобилот не ги вклучил кочниците.

Регулаторните ќе ја истражува сообраќајната несреќа и точните причини за судирот. Безбедноста со автономните автомобили е повторно доведена во прашање, па од Tesla посочија дека автопилотот се уште е во тест фаза и возачите не треба целосно да се потпрат на него.