Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текАвтономното возило на Google во сообраќајка со повредени

Автономното возило на Google во сообраќајка со повредени

За прв пат автономното возило на Google учествиваше во сообраќајна несреќа во која има повредени патници и тоа тројца вработени на компанијата, како и еден возач во удреното возило. Google опремил SUV возило со повеќе камери и сензори за автоматско возење, а екипата била присутна како дел од задолжението на владата на Калифорнија и за да ги бележи сите активности.

Driverless-Cars-Google

Возилото на Google било удрено на семафор од задната страна, што значи дека вината не е во нивната технологија или екипа. Учесниците во сообраќајката поминале со мали повреди и брзо се пуштени од болница. Интересно е што јавноста има сомнежи за автомобилите кои возат автономно без контрола на возачот, но досега во сите несреќи во кои учествуваше Google Car вината е кај останатите учесници во сообраќајот и тоа поради зборење на мобилен телефон и невнимание.

На некој начин овие несреќи одат и во прилог на Google кој полека докажува дека нивната технологија е многу побезбедна и може да спречи потешки сообраќајни несреќи.