HomeДЕНЕШНАРегионАвтомобилите со босанска регистрација добија забрана за влез во Косово

Автомобилите со босанска регистрација добија забрана за влез во Косово

timthumbphp

Властите во Косово не им дозволуваат на автомобилите со регистарски таблички на Босна и Херцеговина да влезат на Косово, со објаснување дека меѓу двете земји нема никаков договор во областа на транспортот, јави српската државна телевизија РТС.

Поради забраната, која стапи во сила од вчера, на граничниот премин со Србија „Мердаре“ е создадена колона од возила, а десетици семјества биле принудени да се вратат назад. Тие велат дека одлуката на косовската Влада е неправедна и дека јавноста требало да биде навремено информирана за неа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com