Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текАвтомобилите на Тесла ќе ве спасат од напад со биолошко оружје

Автомобилите на Тесла ќе ве спасат од напад со биолошко оружје

Tesla Motors има нова маркетинг тактика со која се фали дека своите корисници може да ги заштити од напад со биолошко оружје и дека не станува збор за евтин трик. Според нивните анализи системот за филтрирање на воздухот е толку моќен и ефикасен што не дозволува навлегување на никакви штетни гасови.

biohazard-linegraph

Тестот бил толку успешен што по неколку минути поминати во загадена комора не биле потребни ниту гас маски бидејќи воздухот во автомобилот Model X бил сосема безбеден и чист за дишење. Што мислите вие за Bioweapon Defense Mode заштитата.