Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текАвтомобили на Tesla најдени пред тајната лабораторија на Apple

Автомобили на Tesla најдени пред тајната лабораторија на Apple

Пред тајната лабораторија на Apple во Калифорнија каде се тестираат нивните први смарт автомобили се сликани неколку модели на Tesla Motors кои најверојатно се користат за тестирање и реверзибилно инженерство.

apple car lab

Според локалните жители затворениот комплекс испушта бројни звуци од мотори на автомобили кои работат и тоа им пречи во секојдневието. Токму затоа се претпоставува дека токму тука Apple настрана од љубопитните очи работи на сопствен проект за смарт возила.

Некои шпекулираат дека Apple Car проектот ќе биде само софтвер без физичко возило за да не си конкурираат со Теsla но, засега и двете компании одбиваат да коментираат.

Извор: telefoni.mk