Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтомобил тешко повреди момче во Куманово

Автомобил тешко повреди момче во Куманово

Доцна попладне во Куманово тешко е повредено момче кое било удрено со автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во населбата „Иго Тричковиќ“. По приемот во кумановската болница и констатацијата голем број телесни повреди веднаш е упатено на скопскиот Клинички центар.

„Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники“, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Според првичните информации во момчето во моментот на претрчување на улицата по топка удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички. Од СВР Куманово повеќе детали за несреќата најавија по завршување на увидот.