Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтобус се судри со мерцедес – повредени 11 патници

Автобус се судри со мерцедес – повредени 11 патници

Единаесет лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телсни повреди (фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено), кој е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола. Во несреќата полесно повредени се уште 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.