Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтобус прегази жена кај Мислешево

Автобус прегази жена кај Мислешево

Жена го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потрврди незгодата, која според него, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жената која се движела на патот. Од ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.

Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица – Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата. Повеќе детали полицијата најави во текот на денот.