Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАвстрискиот Црвен крст денеска донираше електрични болнички кревети

Австрискиот Црвен крст денеска донираше електрични болнички кревети

 

Црвениот крст на Австрија денеска донираше преку 14.000 евра во електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар. Донацијата е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар Скопје и Клиничката болница Тетово.

– Донацијата ќе се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Списокот на болниците е веќе направен, но дополнително ќе се утврди кои од нив, општи и клинички, ќе добијат донација. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел – подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто, изјави ресорниот заменик-министер Јовица Андовски.

Во изминатите четири години Црвениот крст на Австрија обезбеди 300 болнички кревети за македонските здравствени установи.

– Денешната донација е потврда за улогата на Црвениот крст во општеството, неговото партнерство со државата, општествено-одговорното однесување и грижата за доброто функционирање на здравствениот систем, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити.